Breaking News

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Попладне во западните делови врнежите наместа ќе бидат пообилни.


Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.


Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Според најавите од УХМР, до петок времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а утре ќе има и услови за појава на ретки грмежи.


Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од југозападен правец. Потоа времето ќе биде стабилно и релативно топло. вј/лв/Фото: МИА архива .

Извор: МИА