Прометот во индустријата на домашниот пазар бележи пораст кај Tрајните производи за широка потрошувачка за 24.1 %


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата, вкупно, во март 2018 година, во однос на март 2017 година, изнесува 105.4.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во март 2018 година, во однос на март 2017 година, бележи пораст кај Капитални производи за 11.5 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7.6 %, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија, за 4.4 %.

Индексот на прометот во индустријата, вкупно, во март 2018 година, во однос на февруари 2018 година, изнесува 114.2, додека во периодот јануари – март 2018 година, во однос на периодот јануари – март 2017 година, изнесува
110.8.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2018 година, во однос на март 2017 година, изнесува 93.1.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во март 2018 година, во однос на март 2017 година, бележи опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија, за 19.1 % и Капитални производи за 13.5 %, додека пораст бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 24.1 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.9 %.

Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, во март 2018 година, во однос на февруари 2018 година, изнесува 119.7, додека во периодот јануари – март 2018 година, во однос на периодот јануари – март 2017 година,
изнесува 103.7.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во март 2018 година, во однос на март 2017 година, изнесува 108.5.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во март 2018 година, во однос на март 2017 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија, за 1.0 %, Капитални производи
за 12.0 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.3 %, додека опаѓање бележи кај Tрајни производи за широка потрошувачка за 3.7 %.

Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во март 2018 година, во однос на февруари 2018 година,  изнесува 112.7, додека во периодот јануари – март 2018 година, во однос на периодот јануари – март 2017 година,
изнесува 112.1.

Видете следно

КОМП: Основната каматна стапка намалена за 0,25 процентни поени и е на ниво од 2,75%

На 14 август 2018 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика …