epa08748017 Valves of the Nord Stream 2 pipeline landfall facility during a visit of Mecklenburg-Western Pomerania State Premier Manuela Schwesig (not in the picture) to the industrial port and the landfall facility of the joint German-Russian pipeline project Nord Stream 2, in Lubmin, Germany, 15 October 2020. The politically controversial pipeline project was put into question in response to the alleged poisoning of Kreml critic Alexei Navalny. Schwesig wants to save the gas pipeline that she regards an important infrastructure project. EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Прометот во индустријата зголемен во март


Прометот во индустријата во март бил зголемен за 17,5 проценти во однос на истиот месец лани, покажуваат статистичките податоци што денеска ги објави Државниот завод за статистика.

Пораст е забележан кај интермедијарни производи, освен енергија за 39,5 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 21,4 проценти, нетрајни производи за широка потрошувачка за 12 проценти и капитални производи за 3,8 проценти.


Прометот на индустријата е зголемен и во споредба со февруари за 12,3 проценти, како и во периодот јануари-март годинава во споредба со истиот период лани за 16,8 проценти.

На домашниот пазар, прометот во индустријата во март во однос на март лани е зголемен за 19,6 проценти, а во споредба со февруари годинава за 29,9 проценти.


На странските пазари, зголемувањето е 16,2 проценти во споредба со март лани и за 8,2 проценти во однос на февруари годинава. бак/дма/

Скопје, 13 мај 2022 (МИА)



Видете следно

ТАВ ја завршува рехабилитацијата на пистата на Меѓународниот Аеродром Скопје, од утре од 17 часот летовите се нормализираат

ТАВ Македонија, за утре, сабота, 28-ми мај, најавува дека ќе ја заврши рехабилитацијата на пистата …