Breaking News

Промоција на кампањата „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“


Подигнување на свеста за можностите создадени од партнерството ЕУ – Западен Балкан е целта на кампањата „Од нас направено – патување низ ЕУ и Западен Балкан“ чиј официјален старт ќе биде означен денеска во Скопје, во просториите на Европската куќа.


На настанот, како што е најавено, ќе може да се проследат презентациите од двајцата млади блогери, Елена Василевска и Ник Ван Пут, како и краток говор од амбасадорот на ЕУ во земјава, Дејвид Гир. вг/сп/


Скопје, 2 мај 2023 (МИА) –