Промоција на книгата „Медиумскиот егзил на книжевноста во македонската култура“ од Александра Јуруковска во Струмица


Во сабота, 13 јули 2019 година, со почеток во 20:00 часот, во Jazz club „ДЕПО“ во Струмица, ќе се одржи промоција на книгата од областа на медиумите и книжевноста „Медиумскиот егзил на книжевноста во македонската култура“ од м-р Александра Јуруковска. Промотори на книгата ќе бидат проф. д-р Александар Прокопиев  и Митко Гогов.

„Медиумскиот егзил на книжевноста во македонската култура“ е компаративно-интермедијална анализа за третманот на книжевноста во неколку македонски медиуми. Истражувањата се насочени кон македонските состојби во контекст на светските тенденции, повремено споредени и со регионалните текови.

Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст -Струмица“ заедно со авторката предвидудуваат во една неформална атмосфера интерактивна промоција во која секој од присутните може да се вклучи со сопствено видување, како и ангажман во она што претставуваат медиумите во денешно време, наспроти старите форми на издаваштво и нивната дигитализација.

„Контекст – Струмица“ промоцијата ја реализира во соработка со општина Струмица и издавачката куќа Авант Прес од Скопје.



Видете следно

Победнички пат: Новата Opel Corsa е „компаниски автомобил на годината“

Техничар, курир или извршен директор – сите видови на професии возат автомобили што им се …