Промоција на поштенска марка посветена на 100 години од раѓањето на Блаже Конески


По повод јубилејот – 100 години од раѓањето на македонскиот великан, Блаже Конески, АД „Пошта на Северна Македонија” денеска ќе промовира пригодна поштенска марка.

На промоцијата, која ќе се одржи во дирекцијата на АД „Пошта на Северна Македонија” – шалтер сала, како што е најавено, ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, министерката за култура Ирена Стефоска, генералниот директор на АД „Пошта на Северна Македонија” Јани Макрадули и универзитетскиот професор и претседател на Советот за македонски јазик Људмил Спасов.

Настанот, како што информираат организаторите, е дел од програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески” која се одвива под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, Министерството за култура, а во соработка со Министерството за образование и наука. Стогодишнината од раѓањето на Конески е запишана и во календарот на значајни јубилеи подржани од УНЕСКО. аа/лв/

Скопје, 5 април 2021 (МИА)


Видете следно

Милиони корисници со проблеми при пристапувањето кон мрежите Фејсбук и Инстаграм

Фејсбук и Инстаграм не работеа синоќа, а утрово, корисници во дел од светот соопштија дека …