Промоција на правилниците за продажба на земјоделски производи од самите производители


Во Тетово денеска пред земјоделците беа промовирани два правилници за индивидуалните земјоделци кои продаваат преработки од нивните производи меѓу луѓето познати како правилници за продажба на земјоделски производи од „куќен праг”. Со овие правилници се опфатени начините на продажба на преработки на сите земјоделски производи, млечни производи, месо риба, дивеч, живина како и производи од растително потекло.

-Со ова им се овозможува на земјоделците во минимални услови да се регистрираат и да ги произведуваат овие производи и да ги пласираат на зелените пазари, во локалните маркети, во локална туристичка понуда што е еден значаен сегмент за развој на локалната комуна. Надлежна за спроведување на овие два правилници е Агенцијата за храна и ветеринарство. А Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството им укажува односно ги едуцира земјоделците како на најлесен начин да ги исполнат условите кои се предвидени во овие два правилници, изјави Борче Петковски, заменик-директор во Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.

Според информациите на Петковски во полошко има најмногу регистрирани примарни производители на мед.

-Ценам дека за и други производи ќе им биде лесно да се регистрираат, бидејќи не е ништо посебно од она се рабопти во нормалните домашни услови. Овде е карактеристично шарско сирење, кое го произведува секој сточар. Кога ќе биде регистрирано како примарен производител на храна со минимални услови за кои сум сигурен дека и во моментот ги има за да направи добар производ, неговите производи тогаш ќе можат да завршат во маркетите. Денес и во рестораните имаме такви сирења, меѓутоа за жал е нелегално и секој ресторан е во опасност од големи казни, а вака се овозможува нивното сирење по повисока цена да заврши во рестораните и да биде исконтролирано од АХВ. Оптимист сум дека оваа работа брзо ќе се реализира затоа што секој индивидуален производител којшто произведува каков било производ било тоа сирење, мед, риба, туршија, ајвар, лутеница и или било какви сокови за да направи добар производ мора да има и во момент добро услови, рече Петковски.

Минималните услови се да има одредена просторија каде ќе се прави целата работа на традиционален домашен начин на производство.

-Баш онака како што го прават сите во домаќинството, не зборуваме за технологија, бидејќи тоа не е традиционален начин на производство. Зборуваме за традиционален начин најобична просторија. За жал непочитувањето на прописите, стана одмаќинета работа. Сега сите продаваат сирење, кај ќе стигнат, некакви други земјоделски производи каде ќе стигнат и го сметаат дека е нормално, но напротив е спротивно на законот, и ние ќе мора да се приспособуваме кон новите правила. Сите да влеземе во системот на безбедност на храна што го контролира Агенцијата за храна и ветеринарство, објасни Петковски.

Милена Синанадиновска од Доброште присутна на промоцијата и производител на домашна храна потенцира дека овие правилници овозможуваат поголем пласман.

-Вратите сега отворени на пазарот тука и надвор од државата, истакна Синадиновска која произведува сирење, ајвар и џемови од сопственото земјоделско производство.ас/ир

Тетово, 24 септември 2020 (МИА)


Видете следно

Владата ги прифати препораките за ограничена работа на угостителски објекти до 23 часот и редуцирање на патниците во јавниот превоз на 50 отсто

Владата на денешната 13-та седница ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести …