Промоција на романот „Абафи“ на големиот унгарски писател Миклош Јошика


Во книжевниот салон на „Матица македонска“ на булевар „Климент Охридски“ во Скопје, на 29-ти октомври (вторник) во 20 часот 2019 година ке биде промовиран романот „Абафи“ на големиот унгарски писател, Миклош Јошика. Со овој чин издавачот и унгарската амбасада во Скопје го одбележуваат националниот празник на Унгарија.

За делото, што го преведоа Велика Ширилова и Паскал Гилевски ќе говори писателот Раде Силјан, а свое обраќање пред присутните ќе има и амбасадорот на Унгарија во Македонија, д-р Ласло Дукс. Извадоци од романот на унгарски и македонски јазик ќе читаат членови на Здружението на унгарците „Теледом“ од Скопје.


Видете следно

Донација на OKTA од 50.000 евра за Министерството за здравство

ОКТА преку донација на медицинска опрема во вредност од 50.000 евра ќе го поддржи здравствениот …