Breaking News

Промоција на сликовницата „Танцот на шарените шамичиња“


Во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“ денеска ќе се одржи промоција на новата сликовница „Танцот на шарените шамичиња“ од писателот Александар Прокопиев.


Сликовницата, која е во издание на „Либи“, импринт на „Арс Ламина – публикации“, е дел од новата едиција „Љубов на прв збор“.


Илустрациите се на Сања Симоска, а уредничка на книгата е Оливера Ќорвезироска.

Приказната во „Танцот на шарените шамичиња“ почнува кога едно свилено шамиче ќе ѝ се налути на мајка си и тргнува низ светот да бара дете на кое му тече носот.


-Низ лирска, алегорична приказна за шамичето кое доживува брза и ненадејна слава, а сепак мечтае да си остане тоа што е, авторот ги соочува децата со фантазиите и сништата за иднината, поддржувајќи ги да мечтаат, но и подучувајќи ги никогаш да не се откажуваат од себе, од своите блиски и од тоа што во суштината се, соопштија од „Арс Ламина – публикации“.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.бт/са/