Промовиран проектот “Полицајци – велосипедисти“ во општина Центар


Денеска пред СВР Скопје –Полициска станица Центар беше промовиран проектот “Полицајци – велосипедисти“. На почетокот на територијата на општина Центар ќе патролираат шест полицајци,  по  двајца полицајци-велосипедисти во одделни реони. Со ова ќе се подобри ефикасноста во извршување на секојдневните задачи и активности на униформираните полицајци во централното градско подрачје.

Со ова ќе се придонесе и во борбата за заштита на животната средина. Овој проект во иднина ќе се  усовршува и надоградува со цел за подобар квалитет во безбедноста и сигурноста на граѓаните.

Полицајците – велосипедисти треба да  бидат главен двигател во имплементацијата на проектот  „Полицијата и граѓаните“  со нови стандарди и начини на комуникација и соработка.


Видете следно

Од денес започнува програмата „Инкубатор денови на младинска уметничка култура“

Од денес започнува програмата „Инкубатор денови на младинска уметничка култура“ во организација на Интерарт културниот …