Richard Yu, chief executive officer of Huawei Technologies Co., presents the Mate X foldable 5G mobile device during a Huawei Technologies Co. launch event ahead of the MWC Barcelona in Barcelona, Spain, on Sunday, Feb. 24, 2019. At the wireless industry’s biggest conference, over 100,000 people are set to see the latest innovations in smartphones, artificial intelligence devices and autonomous drones exhibited by more than 2,400 companies. Photographer: Stefan Wermuth/Bloomberg

Пропиштил осум милиони долари: Тинејџер одбил да продаде платформа за следење на Ковид-19


Станува збор за платформата ncov2019.live. што им овозможува на посетителите да ги проверат сите информации релевантни за коронавирусот и статистички податоци за ширење на заразата во разни земји, пишува специјализирано списание „Бизнис инсајдер”. Платформата има 30 милиони посетители на ден, а досега 700 милиони луѓе ги користеле нејзините податоци.

Ави Шифман, 17-годишен Американец од државата Вашингтон, ја одбил понудата за осум милиони долари да ја продаде платформата за следење на ширењето на Ковид19, која сам ја осмисли и ја разви.

На тинејџерот му било понудено да го продаде својот производ, но тој одбил со образложение дека „има само 17 години и не сака да профитира”.

Тој, исто така, одби постојана работа што му била понудена во компанијата „Мајкрософт”.

На оние кои го убедувале да го продаде својот производ, и тврделе дека во иднина ќе жали што не ја прифатил понудата за продажба, тој им одговори дека сака да ја задржи автономијата во водење на платформата и сака податоците да бидат достапни бесплатно за секој што доброволно ќе се зачлени, а не да стане комерцијален производ.

– Се надевам дека во иднина„ алатките” како оваа ќе бидат создадени директно од Светската здравствена организација, рече Ави Шифман.

Сиетл, 19 мај 2020 (МИА)


Видете следно

„Мајкрософт” заменува новинари со – роботи

Мајкрософт ќе замени десетици новинари со автоматски системи за избор на вести на веб-страницата МСН, …