Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2014 година, во однос на август 2013 година, изнесува 100.5.

Ваквото зголемување се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Стручни, научни и технички дејности (8.9%), Градежништво (5.0%) и Уметност, забава и рекреација (4.8%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Градежништво (3.9%), Административни и помошни услужни дејности (2.4%) и Преработувачка индустрија (2.4%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2014 изнесува 21 217 денари. Во август 2014 година, 1.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.


Видете следно

Постапки против 20 лица во Битола заради прекршување на полицискиот час

Основното јавно обвинителство Битола денеска до Основниот суд Битола поднесе предлози за определување казнени налози …