Просечна плата во Хрватска над 890 евра: Кој заработува најмногу?


На месечна основа е 0,3 проценти пониска реално, додека на годишна основа е поголема за 3,2 проценти.

Просечната плата за јули е номинално пониска отколку во јуни за 0,8 проценти, додека во споредба со јули минатата година таа е номинално поголема за 2,9 проценти, пренесува Индекс.

Највисоката просечна месечна исплата е исплатена во авионскиот транспорт во износ од 10.343 куни (1.371 евро), а најниската во производството на облека во износ од 4.436 куни (588 евра).

Според Централното биро за статистика, просечната нето-плата за јули била 5.791 куна (767 евра), што значи дека половина од вработените имале помала плата и половина поголема плата од таа сума.


Видете следно

Профитот на „Амазон” зголемен за 197 отсто во последното тримесечие

Продажбата и профитот на Амазон значително се зголемија во последниот квартал бидејќи потрошувачите се потпираат …