Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2018 година изнесува 67.3 % од нормалното искористување


Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во април 2018 година е зголемен за 0.2 процентни поени во однос на март 2018 година и изнесува 19.3, а во однос
на април 2017 година е зголемен за 2.4 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2018, во однос на март 2018 година, е речиси на еднакво ниво како во претходниот месец, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се
поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи сe намалени во однос на март 2018 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во април 2018 година е поповолна во однос на претходниот месец, а поповолна и во однос на април 2017 година. Се очекува бројот на вработените да порасне. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2018 година изнесува 67.3 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 21.7 %, недоволната домашна побарувачка со 19.2 %, недоволната странска
побарувачка со 18.5 % и неизвесното економско опкружување со 10.3 %.


Видете следно

Емилија Нацевска и Ана Митреска се именувани за вицегувернери на НБРМ

Во рамки на 60. седница на Собранието на Република Македонија, на 18 октомври 2018 година, …