Проштална средба Шахпаска – Томан: Имаме успешна меѓусебна соработка, поддршката од Република Чешка е значајна за нашиот евроинтеграциски процес


Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари проштална средба со досегашниот амбасадор на Република Чешка во Република Северна Македонија, Мирослав Томан, кому на крајот на годинава му завршува мандатот.

Двајцата соговорници изразија задоволство од досегашната соработка меѓу двете земји и изразија подготвеност во наредниот период таа да се интензивира уште повеќе, особено во делот на евроинтеграцискиот процес.


Министерката Шахпаска и амбасадорот Томан имаат долгогодишна соработка во унапредувањето на односите меѓу двете земји, дополнително што министерката Шахпаска , во периодот кога беше пратеник во републичкото Собрание, беше шеф на Парламентарната група на Собранието на РСМ за соработка со Чешкиот Парламент.

На средбата се разговараше за процесите низ кои помина нашата држава во последните четири години и за позитивните промени што овозможија Република Северна Македонија да стане членка на НАТО и да очекува почеток на преговорите за членство во Европската Унија.


Минстерката Шахпаска го информираше амбасадорот Томан за клучните реформи што ги спроведува Министерството за труд и социјална политика, како во делот на социјалата, така и во делот на работните односи. Министерката Шахпаска информираше дека целосната инклузија е врвен приоритет.


Видете следно

Повторно високи бројки: Направени се 6.353 тестови, а еве колку нови случаи се регистрирани со Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира, дека во последните 24 …