Протест за итна реконструкција на регионалниот пат Богданци-Гевгелија


Доста ни е од лаги и манипулации во обид да се соберат само политички поени и да се заборави. Народот е веќе изморен и бара видни решенија во најбрз рок,порачаа граѓаните од предупредувачкиот протест на крстосницата кај бензинската пумпа „Шимов“ пред Богданци на кој побараа итна реконструкција на регионалниот пат Богданци-Гевгелија.

– Сведоци сме дека овој пат е во очајна состојба. Покрај тоа што поврзува три гранични премини,по него секој ден поминуваат лесни и тешки возила кои уште повеќе ја влошуваат неговата состојба поради што ние трпиме финансиски загуби, а општините Богданци и Гевгелија не можат да се развиваат со таква катастрофална патна инфраструктура, велат разочараните граѓани.


Посочија дека патот не е правен според стандардите и дека до сега се случиле голем број сообраќајни незгоди од кои повеќето завршиле со загуба на човечки животи.

Од тие причини присутните на протестот побараа овој патен правец под итно да се реконструира или да се затвори за сообраќај. им/


Гевгелија, 27 јуни 2022 (МИА)


Видете следно

Презентација на извештајот за справување со загадувањето на воздухот во Град Скопје

Македонска платформа против сиромаштијата денеска ќе го презентира извештајот насловен „Справување со загадувањето на воздухот …