Протестантите го слават раѓањето на Мартин Лутер


Мартин Лутер е германски духовник роден на 10 ноември 1483 и водач на реформацијата во текот на XVI век. Тој го поттикнал христијанскиот народ во Западна Европа да се спротистави на Римокатоличката црква и папската доминација врз христијаните, која во тој период живеела на грбот на нејзините верници, воведувајќи меници за откупување на гревовите. Лутер се борел против тој режим, иако и самиот бил монах.

Мартин Лутер бил син на сопственик на мал рудник. Роден е во Ајслебен и од малечок важел за надарено дете. Во пролетта 1501 година почнал да студира на универзитетот во Ерфурт. Четири години подоцна ја добил титулата „Магистер Артиум”, по што ги започнал студиите по право, исто така во Ерфурт.

Лутер станува доктор по теологија и станува професор за толкување на Библијата на универзитетот во Витенбург. Во тој период, Литер уживал голем углед кај колегите и претпоставените.

Со преводот на Библијата станал втемелувач на германскиот литературен јазик. Во 1517 година, јавно ги изнесе 95-те тези за реформа на црквата, што доведе до широко народно движење против папската власт. Всушност, движењето беше насочено против феудалното општествено уредување, на кое црквата му даваше организациона форма. Кога реформацијата доведе до селанска војна против феудализмот во 1525 година, Лутер направи се движењето да биде задушено.

Тој починал на 18 февруари 1546.



Видете следно

ПРОМОЦИЈА НА КОЛУМНИТЕ НА ПРОФ. Д-Р ЃОРЃИ МАРЈАНОВИЌ – ЈА ПРОДОЛЖУВАМЕ БОРБАТА НА ПРОФЕСОРОТ !!!

На  18 Октомври (петок) во 12:00 часот во свечениот амфитеатар на Правен факултет при УКИМ …