Прв фестивал на светлосна уметност во Скопје


ЈУ Конгресен Центар “Александар Македонски“ (Универзална Сала) Скопје ја известува јавноста дека на 6-ти октомври 2018-та, во старата скопска чаршија, ќе се одржи првиот фестива на светлсона уметност.

За таа цел, ЈУКЦ “Александар Македонски“ (Универзална Сала) Скопје ги повикува сите заинтересирани за учество на истиот да аплицираат на отворениот јавен повик кој ќе трае до 20.08.2018

На фестивалот учество може да земат автори од земјата и странство кои креираат во сферата на светлосната уметност, светлосните инсталации, видео арт технологијата како и уметници/автори кои го користат светлото како начин на визуелно и уметничко изразување.

Заинтересираните можат да аплицираат за делумна или целосна продукциско-финансиска поддршка, индивидуално или во партнерство со национални, јавни, приватни или независни институции и организации од областа на културата, науката и/или технологијата.

Во пријавата заинтересираните кандидати задожително треба да достават:

• Наслов, детален опис, скици, концепт на предлог проектот, проект дизајн, програма со предлог финансиска конструкција за реализација на истата.
• Фотографии и/или видео од делата доколку истите биле претходно изложени
• Потребна опрема за реализација на делото
• Професионално портфолио
• Кратка биографија/ЦВ

За добивање на финансиска поддршка, покрај пријавата, заинтересираните физички и правни лица треба да аплицираат со инвентивен умтеничко-светлосен концепт, како и да имаат најмалку три реализирани проекти од областа на светлосната уметност или креативните индустрии.

Сите заинтересирани кандидати, потребно е да ги пријават своите дела или концепти на официјалниот емаил на фестивалот lightfestival@univerzalna.com.mk , во адресирано плико по пошта до Ј.У. Конгресен центар „Александар Македонски“ на адреса: бул. „Партизански одреди“ 45. или лично во Архивата на Ј.У. Конгресен центар „Александар Македонски“.


Видете следно

Министерот за култура се обрати на Меѓународниот семинар по балканологија

Министерот за култура Асаф Адеми денеска учестуваше и ги поздрави присутните на Меѓународниот семинар по …