Прв фестивал за детска креативност „Трамболини”


Скопје, 21 август 2020 (МИА) – На Школката во Градскиот парк, вечерва во 19 часот свечено ќе биде отворен првиот Интернационален фестивал на детската креативност – „Трамболини”.

Фестивалот, кој е во организација на Детскиот културен центар „Карпош”, е прв фестивал од ваков тип во нашата земја, кој преку едукативни и креативни работилници има цел да ја развие креативноста и љубопитноста кај децата.

На отворањето во Градскиот парк, децата ќе имаат можност да го бараат загубеното богатство, а покрај оваа ќе има и други активности – изработка на фигури од балони, штулари, балерини, катче за боење и изработка на креативни украси, експерименти и пеење песни од ЗОО азбука, а публиката ќе ја забавуваат децата од хорот „Гласот на децата на Скопје” со своите песни.

Разните активности на фестивалот ќе се случуваат на повеќе локации во градот, дел на отворено, а дел во јавни институции, каде што децата ќе ја развиваат својата креативност во повеќе области – ликовната уметност, музика, филм, литература, природни науки и археологија. Активностите од фестивалот ќе се реалзиираат во ДКЦ Карпош, Музејот на современа уметност, како и во паркот „Ибни Пајко” и на на плочникот пред Археолошкиот музеј.

Отворањето и сите понатамошни активности организирани во рамките на Интернационалниот фестивал на детската креативност „Трамболини” ќе се организираат во согласност со протоколите за заштита од Ковид-19.


Видете следно

Милиони корисници со проблеми при пристапувањето кон мрежите Фејсбук и Инстаграм

Фејсбук и Инстаграм не работеа синоќа, а утрово, корисници во дел од светот соопштија дека …