Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамки на програмата за промоција на Меѓународното хуманитарно право од денеска до 21 декември ја организира првата Академија за дисеминатори за Меѓународното хуманитарно право со поддршка од Меѓународниот комитет на Црвен крст.
Како што е најавено, настанот ќе го отворат претседателот на државата Стево Пендаровски и генералниот секретар на Црвениот крст на РСМ Саит Саити.
-Почитувањето на Меѓународното хуманитарно право спасува животи, го намалува човечкото страдање и обезбедува заштита на човековото достоинство. МХП е збир од правила кои се обидуваат од хуманитарни причини да ги ограничат ефектите од вооружениот конфликт врз луѓето и објектите, наведуваат организаторите
Академијата претставува базична тридневна обука наменета за студенти од областа на безбедноста, правото и воените науки. вг/мд/