Прваче со аутизам го дочека првиот училишен ден на скали и со солзи


Хрвоје Козмус, е татко на едно момче кое е со посебни потреби и почна да оди во прво одделение во Славонски Брод.

Бидејќи момчето е со посебни потреби, требало да добие помошник во наставата.

„Училиште на иднината. Мојот син со аутизам седи пред училиштето и го чека помошникот за настава. Помошникот го нема. Никој ништо не сакаше да ни каже, иако бевме во училиштето. Денес дознавме дека нема помошник, бидејќи тој бил на обука. Еден помошник на три деца. Навистина „прекрасно“. Ви благодарам на вас за „прекрасниот прв училишен ден“ – напиша во објавата  таткото Хрвоје Козмус.


Видете следно

Второ издание на поетската манифестација Антево слово

На 10 декември 2019 година со почеток во 19:00 часот, во спомен собата на Анте …