Првата bitcoin банка во светот ги отвори вратите во Австрија


Во главниот град на Австрија се отворија вратите првата во светот bitcoin банка. Финансиска институција Bitcoin-Bank, именувана по виртуелната валута, им овозможува на клиентите да разменуваат евра во bitcoin и обратно, како и да добиваат разни информации за валутата.

Банката е во сопственост на берлинскиот стартап Bit Trust Services, кој е дистрибутер на blockchain технологијата и е со седиште во Берлин. Целта на создавањето на банката е купо-продажбата на виртуелната валута да биде неколку пати побрзо отколку другите девизни трансакции, кои може да бидат извршени без посредник, изјави ORF директор на Bit Trust, Магдалена Исбрандт.

Според основачот на Bitcoin Австрија Андреас Петерсон, другиот плус при плаќањата со bitcoin е анонимноста. Ова води до висок степен на приватност. При купување продавачот не располага со лични податоци на купувачот, а за извршување на трансакциите не се потребни кредитни или дебитни картички.

Првиот bitcoin банкомат се појави во Австрија пред околу три години. Денес во Виена може да се врши плаќање со помош на валутата во 20 компании и институции, вклучувајќи барови, ресторани и друго.


Видете следно

Горивата поскапуваат од половина до еден денар

Цените на горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина до еден денар по литар, …