Први протести во Хрватска поради задолжителните ковид-потврди


Во Хрватска денеска се одржуваат први протести откако на сила стапи одлуката за задолжителни ковид-потврди за влез во јавни и државни установи.

Според локалните медиуми дел припадници на правосудната полиција и вработени во затворскиот систем од утрово протестираат пред затворот во Реметинац. Тие не прифаќаат покажување ковид-потврди при доаѓање на работа.


Протест против задолжителните ковид-потврди има и во Сплит пред полициска станица, јавија хрватските медиуми. зш/

Загреб, 16 ноември 2021 (МИА)



Видете следно

Марин: Членството на Финска во НАТО е многу неверојатно

Финска во блиска иднина нема планови да се приклучи кон НАТО, но е подготвена да …