Првиот центар за иновации и развој на малите и средни претпријатија денес отпочнува со својата работа на национално ниво


Првиот центар за иновации и развој на малите и средни претпријатија денес отпочнува со својата работа на национално ниво, со претставување во Сојузот на стопански комори на Македонија како дел од BIC-SR – Регионален бизнис центар за иновации. Во бизнис иновацискиот центар претприемачите своите иновативни идеи ќе може да ги преточат во конкретни решенија и полесно да ги искористат европски и домашни средства за финансирање. Идните претприемачи, поддршка ќе добиваат и од  професори од штипскиот Универзитет, но и од Машинскиот факултет на УКИМ.  Регионалниот бизнис центар претставува мост помеѓу јавниот, приватниот и академскиот сектор, истакна Претседателот на Сојузот, Данела Арсовска на денешната прес конференција.

Со трипартитната поддршка ќе овозможиме да се реализираат маргинализираните проекти. Потребно е да се искористат сите можности заедно со Бизнис Иновацискиот Центар, науката и институциите да дадеме нов поттик на претприемачите и да ги поддржиме малите и средни претпријатија да ги искористуваа европските фондови, бидејќи сите знаеме даека тие најтешко доаќаат до капитал. Околу 70 % од МСП се застапени во клучните сектори производство, градежништво, туризам, трговија. Микро, малите и средни претпријатија играат централна улога во нашата земја и во Европската заедница.  Потврда за нивното значење во една економија е фактот што во Европската унија, од 28 земји членки, околу 23 милиони мали и средни претпријатија обезбедуваат околу 75 милиони работни места и претставуваат 99% од вкупните претпријатија“, изјави Арсовска и додаде дека според податоците на ДЗС, уделот на малите и средните претпријатија од вкупната работна популација е во рамки на просекот на ЕУ, 99,7% од сите регистрирани претпријатија. Дополнително, секторот на малите и средните претпријатија има значаен придонес во економскиот раст со околу 68% од учеството во БДП и две-третини од вработените, што покажува на важноста од нивна поддршката.

Зоран Шапуриќ, министер задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, даде институционала поддшка и ја истакна важноста на Регионалниот бизнис центар за иновации кој како што кажа верува дека ќе придонесе во креирање нови работни места.

Иновацискиот центар во Струмица кој ќе биде спој на реалниот, академскиот и јавниот сектор е дел од Европската мрежа на иновациски центри, но и европскиот Аксцелератор преку  стартап аворд програмата, истакна Ксенија Вангелова, директор на BIC SR.

Интересот од страна на компаниите за можностите за ЕУ Програмите и како истите да ги искористат за развој и идни инвестиции е голем. Можноститите и условите за користење на ЕУ фондови пред компаниите ги презентираа директорот на Finnova Хуан Мануел Равуелта Перез и  Луиџи А. ДелАквила, раководител на Одделот за европски фондови на Европската академија на региони.

Во земјите, во САД и ЕУ се проценува дека малите и средни претпријатија имаат придонес повеќе од 60 проценти во вработувањето, од 40 до 60 проценти во БДП и од 30 до 60 проценти на извозот.


Видете следно

ГДУ: Граѓаните одбиваат да бидат статисти во политичките процеси контролирани од „политичките елити”

Од политичката партија ГДУ изразија благодарност до нивните гласачи и подржувачи. Од партијата соопштуваат: „Иако …