Breaking News

Publicis Groupe Skopje најнаградувана агенција на регионалниот форум на медиуми и креативни индустрии CIM Котор 2023


Publicis Groupe Skopje со своите агенции Publicis и Saatchi & Saatchi го освои регионалниот форум на медиуми и креативни индустрии CIM Котор 2023! 10 различни кампањи, 5 креативни проекти реализирани за Пивара Скопје и брендовите Скопско и Смут, 4 за Црногорски Телеком, и еден проект за Винарија Тиквеш, беа избрани за најдобри во конкуренција на голем број други кампањи од регионот.


Ова претставува значаен успех за оваа македонска агенција, потврда за креативноста и извонредноста на тимовите, кои успешно работат за клиенти и проекти надвор од границите на нашата земја, посебно во Црна Гора и земјите од Адриатик регионот.


Тимската работа, синергијата меѓу тимовите, талентот и слободата за изразување на креативноста е нешто што го краси Publicis Groupe Skopje, и тоа се негува веќе повеќе од 26 години, со што оваа агенција, со своите посветени одделни тимови од агенциите Publicis и Saatchi & Saatchi е креативен и комуникациски лидер во регионот, и која работи на различни комуникациски проекти од различни индустрии.

Во Котор беа наградени десет исклучителни и креативни проекти за чија реализација, Publicis Groupe Skopje ја доби довербата на своите клиенти, што е воедно потврда за успешната партнерска соработка, и за заедничкиот успех.


 Регионалниот форум на медиуми и креативни индустрии CIM Котор 2023 се одржа од 25-28 мај во Котор, Црна Гора, и претставува значаен фестивал на кој се слави креативноста, иновативноста и извонредноста во областа на креативните индустрии, маркетингот, медиумите и комуникациите.

На него присуствуваат најистакнатите имиња од областа на маркетингот, медиумите, уметноста и другите комплементарни креативни индустрии од Црна Гора и регионот. Оваа година дел фестивалот меѓу другите беа и глумците Тарик Филиповиќ и Драган Бјелогрлиќ кошаркарот Дино Раџа, и други креативци и познати јавни личности од регионот.