Пуштен во употреба паркот „Иднина” во Кисела Вода


Пуштен е во употреба новиот парк „Иднина”, лоциран на кружниот тек помеѓу урбаните заедници Кисела Вода и Припор.

Градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, изјави најави дека ова е првиот од седумте капитални проекти кои од денеска па до недела ќе бидат отворени или отпочнати, во рамки на роденденското празнување на Општината, а кои се одвиваат под слоганот „67 ГОДИНИ МОЈА КИСЕЛА ВОДА“.


–На местото каде што сега стоиме, постоеше дива депонија која и во еколошка и во естетска смисла го нарушуваше живеењето на населението. Во изминатиот период најпрво ја исчистивме депонијата, а потоа интензивно работевме на оплеменување на просторот и негово опремување со најразлични содржини, кои на нашите жители ќе им овозможат ова да биде нивното катче за релаксација, одмор и дружење. Резултатите се видливи. Покрај зеленилото, хортикултурното уредување, наесен ќе се насадат и дрвца, поставивме урбана опрема, клупи, летниковец, патеки за шетање, воден ѕид, a за најмладите изградивме детско игралиште, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Додаде дека паркот „Иднина” има за цел да го врати маалскиот живот кој некогаш тука постоел, но со многу современи услови, какви што доликуваат за една општина со традиција долга 67 години.


–Ако се вратиме 40-тина години наназад, пред негрижата за овој дел на градот да го претвори во депонија, во непосредна близина на овој парк, постоела чешма околу која припорчани се собирале, се дружеле, играле карти, младите играле баскет на дрвениот кош, играле голем фудбал и навивале за ФЦУ , оделе во дискотеката „Зелен раj”, а возрасните на работа во „Прогрес”, „Цементара” и другите авто-мото сервиси кои егзистирале во оваа околина. Нашата замисла е да го заживееме повторно ова место, да го вратиме малскиот дух, но со најсовремени услови, истакна градоначалникот на Општина Кисела Вода.

Во рамки на случувањата по повод роденденот на Општина Кисела Вода, во среда од 20 часот ќе започне и културното лето со забавна програма со голем број музички изведувачи.са/



Видете следно

Презентација на извештајот за справување со загадувањето на воздухот во Град Скопје

Македонска платформа против сиромаштијата денеска ќе го презентира извештајот насловен „Справување со загадувањето на воздухот …