Путин ја поздрави победата на “Единствена Русија”


Рускиот претседател Владимир Путин ја поздрави победата на владејачката партија “Единствена Русија” на парламентарните избори, пренесоа светските агенции.

“Сега можеме со сигурност да кажеме дека партијата постигна многу добар резултат: таа победи”, изјави Путин пред партиските активисти во штабот на “Единствена Русија” заедно до премиерот и лидер на партијата Дмитриј Медведев.


Според Путин, Русите гласале за политичка стабилност.

“Ситуацијата не е лесна, луѓето чувствуваат. Тие сакаат и се надеваат дека политичката ситуација би требало да биде стабилна, рече тој. Според зборовите на претседателот и покрај мислењето на скептиците “Единствена Русија” работи по можност максимално ефикасно.”


Луѓето гледаат дека претставниците на “Единствена Русија”, водечката политичка сила, навистина се трудат за луѓето, и работат искрено и доволно ефикасно, колку што е можно”, додаде тој.”


Видете следно

Ѓерлек: Лековите ќе бидат пресвртница во борбата со коронавирусот

Иновативните лекови ќе бидат пресвртница во борбата против коронавирусот, изјави денеска државниот секретар во Министерството …