Путин: НАТО е блиску да ги мине „црвените линии”, Русија е подготвена да одговори


Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија ќе биде принудена да дејствува доколку НАТО ги премине „црвените линии” во кризата со Украина, изјавувајќи дека Москва ќе го смета распоредувањето на одредени офанзивни ракетни инсталации на украинска територија како повлекување на чкрапалото.

Во говорот на инвестицискиот форум во Москва, Путин изрази надеж дека здравиот разум ќе надвладее на сите страни, но сака НАТО да биде свесен за загриженоста на Русија за сопствената безбедност во врска со Украина, информира „А Њуз”.


-Доколку на територијата на Украина се појават какви било офанзивни системи, времето на летот до Москва ќе биде седум до 10 минути, а во случај на распоредување на хиперсонично оружје – пет минути. Замислете, рече Путин. „Што ќе правиме во вакво сценарио? Тогаш ќе треба да направиме нешто слично во насока на оние кои ни се закануваат на овој начин. А тоа можеме да го направиме сега”, додаде рускиот претседател.

Путин порача дека Русија неодамна успешно тестираше нова хиперсонична ракета што е дел од морнарицата, која ќе биде лансирана на почетокот на новата година. Тој рече дека таа има време на летање до Украина од пет минути, со брзина девет пати поголема од брзината на звукот. Создавањето такви закани (во Украина) ни поставува црвени линии. Но, се надевам дека нема да се стигне дотаму.


-Се надевам дека ќе надвладее здравиот разум, како и одговорноста и за нашите земји и за светската заедница, рече Путин.

Претходно денеска, САД и Велика Британија ја предупредија Русија за каква било нова воена агресија против Украина. Ова се случи пред состанокот на НАТО на кој ќе се разговара за распоредувањето на руските војници во близина на јужниот сосед. сд/


Москва, 30 ноември 2201 (МИА)


Видете следно

Песков: Бајден дополнително ја дестабилизира ситуацијата во Украина

Кремљ денеска соопшти дека предупредувањето на американскиот претседател Џо Бајден дека Русија ќе се соочи …