Ликот на Путин се појави на телефоните Iphone 6


Минатата недела авторитетното списание Forbes го прогласи рускиот претседател Владимир Путин за највлијателниот човек во светот. Затоа можеби и не е изненадувачки што ликот негов се појави и на … Iphone.

Станува збор за лимитирана серија луксузен iPhone 6 – Caviar Supremo Putin II. Марката Caviar е плод на италијанско-руска соработка. Италијанците се задолжени за дизајнот и висококвалитетната изработка, а Русите – за огромната побарувачка и одличната реклама. Компанијата е позната на пазарот со продажба на скапи телефони.

putintelefon2

Луксузниот iPhone 6 се нуди во две варијанти. Првиот – Caviar Supremo Putin II, и е украсен со златни релјефи на рускиот претседател, грбот на Руската Федерација и првите два стиха од руската химна. Вториот – Ti Supremo Putin, е титан опција. На задниот панел е прикажан Путин. Исто така е гравиран Соборниот храм „Христос Спасител” и Кремљ.

Бројките се ограничени – вкупно од двете серии има 299 телефони. Цената на златната верзија е 2975 евра, а на титан – 2412 евра.


Видете следно

Калифорнија бара повлекување на вакцината на Модерна

Одделот за јавно здравје во Калифорнија бара да се повлечат вакцините на „Модерна” против коронавирус …