Работен состанок на градоначалникот Мицевски со изведувачите на тековните проекети за инвестивии во градежната  инфраструктура


Денес градоначалникот Борјанчо Мицевски одржа работен состанок со изведувачите на престојните проекти за  воведување во две големи градежни активности, од кои првата е проект за Реконструкција на патна инфраструктура за пристапен пат до Манастир Св.Јоаким Осоговски-с.Варовиште и  втората градежна активност се проекти за изградба на потпорни стени на критични локации во градот.

Првата активност е во сферата на промоција на туризмот и историското наследство,  со средства обезбедени преку Бирото за Регионален Развој и преку овој проект ќе се изврши реконструкција и санација на патниот правец кон Манастирот Св.Јоаким Осоговски, со ивестиција од 13,5 милиони денари без ддв.

Втората градежна активност за изградба на потпорни ѕидови на неколку локации во градот и тоа на ул. Баглачка и ул. 11-ти Октомври, ќе се одвива со средства во висина од 5 милиони денари без ддв обезбедени од општинскиот буџет.

Како изведувачи на градежните активности се јавуваат економските оператори, Друштвото за производство, трговија и услуги СТОИМЕНОВ ДООЕЛ од Кочани и ДИНЕ ТРЕЈ од Крива Паланка.

На работниот состанок присуствуваше и  Митрополитот Кумановско-осоговската, г. д-р Јосиф,  како соработник на општината и логистички партнер, во проектот за реконструкција и санација на патниот правец кон манастирот Св.Јоаким Осоговски.


Видете следно

Во Кисела Вода деновиве се уредува нов парк на површина од 16.000 квадратни метри

На неуредениот простор меѓу улицата Лазар Димитров и железничката пруга во Кисела Вода деновиве се …