Работи кои може не ги знаете за Франција


Франција поседувала колонии, во најразлични облици, од почетокот на XVII век па сè до 1960 г. Во XIX и во XX век, нејзината колонијална империја била втора по големина во светот, после Британската Империја. Меѓу 1919 и 1939, втората француска колонијална империја поседувала над 12,347,000 квадратни метри.

Франција била победничка сила во Првата светска војна и во Втората светска војна. Човечките и материјалните загуби во првата војна се огромни, во која загинале 1.4 милиони Французи. По број на жртвите на страната на сојузниците Франција го зазема второто место со 25 % односно 5.6 милиони, од којшто 1.357 милиони загинати војници, а 4.266 милиони ранети војници.

Франција исто така поседува и територии во Северна Америка, Карибите, Јужна Америка, на јужниот дел на Индиски Океан, на Тихиот Океан, и на Антарктик.

Со БДП од $2.865 билиони, Француската економија е петта економија во светот.

Франција е држава со најголема територија во Европската Унија по површина од 551.500 км2.

Таа е втора европска држава по население со 62.448.977. Таа има и прекуморски острови и територии, лоцирани на други континенти со површина од 675.417 км2 и население од 65.073.482.

Франција е поврзана со Обединетото Кралство преку тунел, кој минува под Англискиот Канал, односно Ламанш. Долг е околу 563 км, а широк околу 240 км.

Во Франција има голем број атеисти. Според статистиката дури 31% од граѓаните се определиле како атеисти, 64 % католици и 5 % од населението муслимани.

Code Embed: No embed code was found for CODE2



Видете следно

Саем на венчавки 2020: Раскош и безвременска убавина во новата колекција венчаници на Елена Лука

Со модна ревија на венчаници од повеќе домашни дизајнери и модни куќи, вечерва беше отворен …