Breaking News

Работилница „Млад франкофонски парламент – едукативна активност – Имам став!’“


Во Собранието денеска ќе се одржи работилница „Млад франкофонски парламент – едукативна активност ‘Имам став!’“.


Како што најавуваат од собраниската прес-служба, на работилницата ќе се обратат претседателот на Собранието, Талат Џафери, францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, шефот на Делегацијата на Собранието на Северна Македонија во Парламентарното собрание на Франкофонијата, Абдула Салиу и претседателката на Групата за пријателство Франција – Северна Македонија во Националното собрание на Француската Република, Лилиана Танги. фф/бак/


Фото: МИА Архива