Работилница за консолидација на земјиште за партнерите на ЕУ проектот ‘MAINLAND’


Во вторник, на 4 јули 2017 година, проектот финансиран од Европската Унија “Воведување на Национална Програма за Консолидација на Земјиште (MAINLAND)” ќе одржи работилница за консолидација на земјиште во Салата за состаноци при Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство (МЗШВ) во Скопје, со почеток во 10:00 часот. Овој проект спроведуван од Организацијата за Храна и Земјоделство на Обединетите Нации (ФАО) во соработка со Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство им помага на малите земјоделци и локалните рурални заедници да ги адресираат структурните проблеми со фрагментираноста на земјоделското земјиште и малата површина на фармите. 

На настанот ќе се обратат Н.Е. Љупчо Николовски, Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Н.Е. Самуел Жбогар, Шеф на Делегацијата на Европската Унија, Г. Максим Горган, Специјалист за земјишни политики и рурален развој, ФАО .


Главна цел на работилницата е да се обединат на едно место експерти за консолидација на земјиште и главните партнери во проектот, вклучително Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Националната агенција за развој и поттикнување на земјоделството, Агенцијата за катастар на недвижности, единиците на локалната самоуправа, како и организациите кои ги застапуваат сопствениците на земјоделското земјиште и неговите корисници и да се презентираат клучни информации за консолидација на земјоделското земјиште, како и информации за претстојните активности на проектот MAINLAND, вклучително идентификација и избор на најпогодни региони за консолидација на земјиште во земјата, како и јавна кампања за подигнување на знаењето  за консолидација на земјиштето меѓу земјоделците и клучните засегнати страни на локално ниво, и поттикнување на интерес  за нивно учество во процесот.

Проектот MAINLAND, финансиран од Европската Унија е во вредност од 2,5 милиони Евра и се очекува да трае 3,5 години. Проектот ќе ја подржи консолидацијата на земјоделско земјиште, процес на групирање на земјишните парцели со цел нивно окрупнување, оптимизирање на земјоделските имоти и воспоставување на неопходната инфраструктура (патишта, системи за наводнување, итн.), притоа земајќи ја во предвид заштитата на животната средина. Консолидацијата на земјиштето директно ја зголемува ефикасноста на земјоделското производство и придонесува кон подобрување на животниот стандард на руралните заедници.


Проектот ќе го поддржи Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во оперативно воведување на Националната програма за консолидација на земјиштето преку градење на експертиза и зајакнување на капацитетите за консолидација на земјиште кај локалните чинители.

 



Видете следно

На „Табановце“ се чека околу еден час, на „Богородица“ од 30 минути до еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП „Табановце” …