Breaking News

Работилници „Селекција и рециклажа на отпадот за намалено загадување во општините Струмица, Ново Село и Босилово“


Во организација на Зелен институт денеска и утре во салата на Советот на Ново Село и Босилово ќе се одржат работилници од проектот „Селекција и рециклажа на отпадот за намалено загадување во општините Струмица, Ново Село и Босилово”.


На двата настана ќе бидат презентирани резултатите од мониторингот на процесот на селекција и рециклажа на отпадот во општините Ново Село, односно Босилово.


Поканети се градоначалникот, советниците, локалната администрација, јавните комунални претпријатија и надлежните инспектори. Мониторингот е спроведен со јавна анкета и истражувања на јавно достапна документација.

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија што го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС).


Крајната цел на проектот е мобилизирање на општината за намалување на загадувањето на животната средина со отпад, со зајакнат капацитет на советниците и локалните институции, како и за повисока еколошка свест на граѓаните. ев/бак/