Рамсторe ја промовираше новата мобилна апликација


Денес,  официјално беше промовирана новата мобилна апликација на Рамсторe која е веќе во функција и достапна за нивните потрошувачи.

Присутните посетители и новинари ја имаа ексклузивната можност да ја испробаат апликацијата и сите можности кои истата ги нуди, а реакциите беа видливо позитивни. Мобилната апликација која сите граѓани веќе можат да ја симнат преку App Store (за корисниците на iPhone) и Google Plаy (за корисниците на Android) е навистина функционална и едноставна за користење, а потрошувачите ќе имаат јасен преглед на понудите во Рамсторе Супермаркетите и олеснето шопинг искуство прилагодено на нивните индивидуални потреби, рече Горан Џугоманов, ИТ Менаџер на Рамсторе Македонија.

Исто така тој додаде дека, со едноставно најавување преку Рамсторе Клуб картичката, корисниците имаат можност да бидат известени за актуелните кориснички кампањи, да ги споредат трошењата и заштедите, како и да имаат увид во деталите од  поените кои ги имаат на Клуб картичката. Ова се погодностите кои Рамсторе мобилната апликација ги нуди:

Мои поени и попусти  (Вклучително и преглед на последниот датум за употреба на поени)

  • Вкупен Попуст
  • Искористен Бонус
  • Мои поени – Мои преостанати поени
  • Мои заштеди – Мои трошења

Видете следно

Новиот Opel Combo прогласен за Меѓународниот ван на годината 2019

Новиот Opel Combo Cargo е меѓународен ван на годината за 2019 (IVOTY), најпосакуваната титула во …