Breaking News

Распределени средства за граѓански и спортски здруженија од Делчево за 2023 година


Општина Делчево распредели средства од Буџетот за поддршка на проекти и годишни програми на граѓански и спортски здруженија за 2023 година. Одлуката е донесена од страна на соодветните комисии кои ја соопштија листата на граѓанските организации и спортските клубови кои добиваат финансиска поддршка од Општина Делчево во 2023 година.


-Општина Делчево распредели 1.160.000 денари од планираните 1.290.000 денари во Буџетот за поддршка на проекти и годишни програми на граѓански и спортски здруженија за 2023 година. Од овие средства вкупно 290.000 денари се наменети за фудбалскиот клуб ,,Брегалница сениори”, потоа 200.000 за кошаркарскиот клуб ,,Клубски Патриот” додека трет на оваа листа е ракиметниот клуб Делчево со 90.000 денари, истакнаа од Општина Делчево.


Со одлуката средства се предвидени и за спортско-риболовното друштво Брегалница, Планинарскиот спортски клуб ,,Голак”, Кик боксинг клубот ,,АС” како и училишните спортски клубови при деветолетките ,,Ванчо Прке” и ,,Св.Климент Охридски”.

-Кај здруженијата на граѓани најмногу средства им припаднаа на Регионалниот центар за застапување и Културно-уметничкото друштво ,,Гоце Делчев” кои ќе добијат по 90.000 денарии и ЗФГ ,,Копачка” село Драмче, Делчево со 50.000 денари, додадоа од Општина Делчево.


Здруженијата и спортските клубови кои добиле финансиска поддршка од Општина Делчево наредните денови ќе потпишат договори со Општина Делчево за наменско користење на финансиските средства, а на средината и на крајот на календарската година треба да достават извештаи за наменско користење на добиените средства. вс/ир

Делчево, 18 март 2023 (МИА)