Раст на годишна основа на депозитите и на кредитите во октомври


Скопје, 20 ноември 2020 (МИА) – Народната банка соошти дека на годишна основа, вкупните депозити забележаа раст од 5,5 отсто, при раст на депозитите и на домаќинствата и на компаниите. Вкупните кредити бележат годишен раст од 6,7 проценти, што произлегува од зголеменото кредитирање кај двата сектора.

Според анализите на Банката, најзастапените категори кредити за физички лица – потрошувачките и станбените, во октомври забележале зголемување од 0,4 отсто и 1,1 процент, како и годишен раст од 8,8 отсто и 14,2 процента. Кај автомобилските кредити, пак, е остварен месечен и годишен пад од 2,6 отсто и 9,8 отсто, додека кредитите одобрени на кредитни картички се намалени за 0,5 проценти и 3,6 отсто, на месечно и годишно ниво.

Во октомври, негативните салда на тековните сметки бележат месечен раст од 3,3 отсто, додека на годишна основа се намалени за 9,2 отсто. Кај кредитите одобрени врз други основи е забележан месечен и годишен пад од 0,7 и 6,8 отсто.

Како што соопшти Централната банка, паричната маса забележа месечен пад од 0,2 отсто што во целост произлегува од намалувањето на депозитните пари, во услови кога готовите пари во оптек, долгорочните депозити до две години и краткорочните депозити остварија раст на месечна основа. Паричната маса на годишна основа е зголемена за 7,3 проценти, во најголем дел како резултат на растот на депозитните пари, при помал раст на готовите пари во оптеки краткорочните депозити, додека долгорочните депозити до две години забележаа пад.

Кај вкупните депозит е остварен пад од 0,2 отсто на месечна основа, кој во поголем дел се должи на намалувањето кај депозитите на секторот „домаќинства”, при поумерено намалување и кај депозитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните депозити бележат пораст од 5,5 проценти, како резултат на зголемувањетона депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства”.

-Во октомври, вкупните кредити забележаа месечен раст од 0,3 отсто што целосно се должи на повисокото кредитирање на„домаќинствата”, при пад на кредитирањето на корпоративниот сектор.Годишната стапка нараст на кредитите изнесува 6,7 отсто и е под влијание на зголеменото кредитирање на двата сектора, со повисокоучествона секторот „домаќинства”, наведува Централната банка.

Вкупните депозити на корпоративниот сектор, во октомври се намалени за 0,1 отсто. Надолната месечна промена произлегува од падот кај депозитните пари и краткорочните депозити во денари, во услови нарасткај останатите компоненти. Во споредба со истиот период од претходната година, растот на депозитите изнесува 6,9 проценти и се објаснува со зголемувањето на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, при пад на краткорочните и долгорочните депозити во денари.

-Овој месец, кредитите на корпоративниот сектор забележаа минимален месечен пад од 0,1 отсто, што е резултат на намалените кредити одобрени во странска валута, додека кредитите во денарибележат раст. Анализирано на годишна основа, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 4,4 проценти, како резултат на зголеменото кредитирање воденари и странска валута, со поизразен придонес на кредитите во странска валута, стои во соопштението на НБРСМ.

Во октомври, вкупните депозити на домаќинствата забележаа месечен пад од 0,2 отсто, што во поголем дел произлегува од намалувањето на депозитните пари, при остварен пад и кај долгорочните и краткорочните депозити во денари, во услови на раст на долгорочните и краткорочните депозити во странска валута. Нагодишна основа е остварена стапка на раст од 5,6 отсто што произлегува од растот на депозитните пари и краткорочните депозити во странска валута, додека останатите компоненти бележат пад.

-Кај вкупните кредити на домаќинствата, во октомври е евидентиран месечен и годишен раст од 0,7 отсто и 9 проценти соодветно. Анализирано по валута, нагорните месечни и годишни промени во најголем дел произлегуваат од денарските кредити (учество од 81,9 и 73,1 процент, соодветно), соопшти Народната банка. мч/дма/


Видете следно

Повторно висок број новозаболени од коронавирус: Еве каква е состојбата денеска

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3399 тестирања, а регистрирани …