Раст на градежништвото во Европа


Во април, во однос на март градежниот сектор пораснал со 0.8% во еврозоната и со 0.6% во ЕУ. За споредба, во март во однос на февруари таа се намалила и во двете зони. Ова го покажуваат прелиминарните податоци на европската статистичка служба Евростат. Во споредба со април 2013 производството е зголемено за 8% во еврозоната и со 7.2% во ЕУ.

На месечна база најголем раст во градежништвото е забележан во Словенија (+6.7%), Шпанија (+4.8%) и Португалија (+4.5%), а најголем пад во Полска (-5.4%), Романија (-4.7 %) и Словачка (-2%).

Градежништвото во Македонија оствари историски највисока стапка на раст од 33 проценти во 2013 година, што не може да се спореди со растот во ниту еден претходен период.

Просечниот раст на градежништвото во периодот 2011-2013 година изнесуваше 16,2%, пред сè како резултат на зголемените јавни инвестиции финансирани од буџетот на Република Македонија.


Видете следно

Нова бензинска станица со брендот ОКТА отворена во Скопје

Започна со работа новата бензинска станица со брендот ОКТА, лоцирана во населбата Автокоманда, во Скопје. …