Разгледани Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за основното и средното образование


Скопје, 3 септември 2020 (МИА) – На предлог на Министерството за образование и наука, на вчерашната  втора владина седница беа разгледани Предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за основното и средното образование, кои ќе бидат доставени до Собранието на Република Северна Македонија, а се однесуваат на примена на мерките за заштита од Ковид-19. Исто така Владата ги пифати и Протоколите за постапување на средните училишта во кои се реализира стручно образование и обука.
– Предложените законски одредби обезбедуваат безбедна училишна средина за сите инволвирани во воспитно-образовниот процес во училиштата како учениците, наставниците и друг ненаставен кадар и родители, преку подготвен кадар за следното: како да се одржува хигиена и дезинфекција, да се организира движењето на учениците, да се распореди  мебелот во училницата за да ја има потребната дистанца помеѓу учениците од најмалку 1,5 метар, организиран надзор од страна на наставниците, стручните соработници и административно-технички кадар, согласно препораките дадени од Министерството за здравство-Комисијата за заразни болести во врска со мерките за превенција и контрола на КОВИД-19, соопштува владината прес-служба.
На оваа владина седница беше разгледана и усвоена Информацијата за реализација на феријалната практика и практичната настава во средните стручни училишта во учебната 2020/2021 година и ги разгледа и усвои дополнителните исклучоци во наставата од далечина за феријалната практика и учење преку работа кај работодавач и практична настава во стручното образование да се одвива со физичко присуство на учениците.
Исто така, на оваа седница беа усвоени и Протоколите за постапување на средните училишта во кои се реализира стручно образование и обука во Република Северна Македонија за спроведување на практичната настава со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година; за превентивните мерки при реализација на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби на учениците; за превентивните мерки при реализација на учење преку работа, феријалната практика, практична обука и вежби на учениците кај работодавач во секторот машинство, секторот земјоделие, рибарство и ветерина, секторот хемија и технологија и секторот лични услуги со задолжување, Министерството за образование и наука да ги извести средните стручни училишта за реализацијата на феријалната практика и практичната настава.

Видете следно

АЕК ќе спроведува меѓународна физибилити студија за влијанието на 5G мрежата врз здравјето на луѓето

    Агенцијата за електронски комуникации наскоро ќе распише меѓународен тендер за избор на компанија …