Разрешено раководството на СДСМ: Кога Заев ќе менува дел од владиниот состав?


На синоќешниот состанок на централниот одбор на СДСМ „замете метлата“ на премиерот Заев, со тоа што се разрешени сите 6 потпретседатели на партијата, заедно со генералниот секретар, Александар Кирацовски. На негово место место се шпекулира дека ќе дојде актуелниот министер за Земјоделство, Љупчо Николовски.

– Очекувам одлуките што вечерва ќе ги донесеме да бидат одлуки што ќе овозможат функционална организација и на партијата и на институциите, како и победа над примитивизмот, фашизмот и неписменоста што ги промовира ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 15 години, изјави пред состанокот, потпретседателот на партијата, Петре Шилегов.

Досегашни потпретседатели на партијата беа Фросина Ременски, Мухамед Зекири, Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски и Благој Бочварски. Сите тие поднеле оставки на своите функции.

На вчерашната седница на ЦО на СДСМ дојде до промена на претседавачот на Централниот одбор Пеце Мирчески, а на негово место е поставена Соња Карапеч од Битола.

Се шпекулира дека наредниот потег на Заев ќе биде промена и на дел од неговиот тим во Владата. Кои ќе бидат новите министри во Владата на Заев се очекува да видиме на следниот состанок на централниот одбор на СДСМ.


Видете следно

Севкупно валоризирање на професионалниот статус на полициските службеници останува висок приоритет за МВР

„Полициската професија, без оглед за кој нејзин сегмент станува збор, е специфична и пред сè, …