Реакција на град Скопје: При изградбата на новата вело патека, ниту едно дрво не е исечено или оштетено


Вчера и денеска на поголем број медиуми и на социјалните интернет  мрежи се појавија фотографии кои прикажуваат работа во тек и наводно невнимателно однесување со градското зеленило при изведувањето на велосипедската патека на булевар „8-ми Септември“.

Ве информираме дека објавените фотографии се направени во текот на изведбата на патеката и не го претставуваат финалниот изглед на теренот.

Сакаме да потенцираме дека при изградбата на новата вело патека, ниту едно дрво не е исечено или оштетено.

Во прилог Ви испраќаме денешни фотографии од финалниот изглед од новата велосипедска патека на посочениот потег на булеварот „8-ми Септември“.

Видете следно

Пакомак објави конкурс за најеколошки градоначалник и општина

Пакомак објави конкурс за избор на најеколошки градоначалник и општина за 2018 година. Изборот ќе …