Реакција на невладината организација „Хрватско-македонска тангента“ по повод јавните навреди од страна на Горјан Тозија, директор на владината агенција за филм, кон Хрватска и хрватската влада


Управниот одбор на „Хрватско-македонска тангента“ енергично ги осудува навредите кон хрватската држава и влада кои на социјалните мрежи ги пласира и шири Горјан Тозија (директор на владината агенција за филм), а се пренесени во дел од медиумите.

Неговите написи полни со омраза,како на пр. „Со Хрватска владеат фашисти“, „Хрватската влада е фашистичка“, „Пленковиќ ги гуши слобоидите во ЕУ“ и  „ХДЗ е фашистичка партија“… само се дел од навредите кои ја вознемирија јавноста во пријателската Хрватска, а македонската дијаспора ја доведоа во мошне незгодна и непријатна ситуација.

„Хрватско-македонската тангента“ смета дека ова поведение на раководител на владина агенција (Горјан Тозија) сериозно ги нарушува пријателските односи меѓу двете држави и двата народи и целосно се оградува и дистанцира од тие навредливи ставови. Очекуваме дека македонската влада ќе преземе соодветни чекори за утврдување на одговорност.

„Тангентата“ ќе продолжи како и до сега да работи на доближувањето на традиционално извонредните блиски и пријателски односи меѓу Хрватска и Република Северна Македонија во доменот на култура, уметност, политика, стопанство, туризам…

 


Видете следно

Канада ќе и донира на Северна Македонија 250.000 канадски долари како помош во борбата против пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19

Препознавајки ја важноста на меѓународна соработка и солидарност во борбата против глобалниот предизвик за здравјето, …