Реакција на одделението за земјоделство при Алијансата за Албанците: Агенцијата за храна и ветеринарство ги дискриминира Албанците


Одделението за земјоделство при Алијансата за Албанците реагира кон Агенцијата за храна и ветеринарство, институција која во своја надлежност има: контрола и безбедност на храна од не животинско и животинско потекло, како и (контрола и безбедност на водата како храна) домашно и увезено, како и надлежностите поврзани со ветеринарни услуги, сите активности кои се однесуваат на превенција и зачувување на јавното здравје на населението во земјата.

Агенцијата за храна и ветеринарство, е основана во 2011 година и директно одговара пред Владата на Република Северна Македонија, како институција формирана со спојување на две управи: Дирекција за храна е во рамките на Министерството за здравство и Управа за ветеринарство кое постоело во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Во Агенцијата за храна и ветеринарство уште од нејзиното основање се врши континуирана дискриминација на Албанците. Во годината на спојување на двете дирекции, Агенцијата имаше над 15% кадри Албанци, а во моментов има помалку од 13% кадри Албанци, и тоа само како процент, бидејќи на водечките позиции нема Албанци како последица на систематското партиско вработување, заобиколувајќи ги Албанците. Според долунаведеното, во хиерархијата на Агенцијата за храна и ветеринарство, според органограмот на оваа институција, може да се види занемарувањето на Албанците:

– Директор Македонец од основање до денес,
– Заменик директор кој не е Албанец откога постои како институција,
– Четворица (4) државни советници, ниеден Албанец,
– Девет (9) раководители на сектори ниту еден Албанец,
– Од триесет и седум (37) единици, само еден Албанец и тоа именуван пред основањето на Агенцијата,
– Регионални инспектори во Град Скопје, ниеден Албанец,
– Незначителен број на гранични инспектори Албанци на граничните премини каде што се врши контрола на храната.

Неправдата, непочитувањето, заобиколувањето на Албанците  продолжува од страна натака наречените реформатори. Неправедната застапеност на службеници Албанци во институционалната хиерархија се влошува. Систематски се отвораат интерни конкурси за унапредување каде што кандидатите Албанци не се земаат предвид без оглед на етничкиот декларативен процент кој што мора да биде исполнет согласно  Охридскиот договор.

Последните две години во центарот на Агенцијата за храна и ветеринарство, како резултат на демотивирање и заобиколување, заминал и тој мал број албански кадри поради континуираната дискриминација што се случува во таа институција која што е многу важна за секојдневниот живот на луѓето, бидејќи се однесува на безбедноста на храната, ветеринарното јавно здравје кое превентивно се занимава со зачувување на јавното здравје на населението.


Видете следно

Шестата генерација на Opel Corsa вози на струја

  Opel вози електрично. Со новата шеста генерација на Corsa, германскиот производител на автомобили првпат …