Реал Мадрид е рекордер по приходи од лигата на Шампиони


Реал Мадрид го доби најголемиот дел од наградниот фонд на ЛШ за изминатата сезона 2013/2014. Германската новинска агенција ДПА објави дека европските клупски шампиони добиле 57,414 милиони евра за учеството во минатогодишното издание на турнирот.

Покрај Реал Мадрид, само два други клубови добиле над 50 милиони евра од УЕФА за доброто претставување во Лигата на Шампионите, информираше МИА. Втор во генералниот пласман по приходи со 54,417 милиони евра е францускиот Пари Сен Жермен, кој отпадна во четвртфиналето против Челзи. Трето место зазема вицешампионот Атлетико Мадрид со 50,048 милиони евра.

Четвртото место во рангирањето на приходи зазема екипата на Манчестер Јунајтед, кој ќе се теши со 44,775 милиони евра во годината во која нема да игра во евротурнирите.

Во топ 10 се наоѓаат уште Баерн Минхен, Челзи, Јувентус, Барселона, Милан и Наполи.


Видете следно

Петар Богојески од Градски парк: Домаќинлукот по дворот се познава – колку сме во Скопје домаќини по Градски парк се познава

Домаќинлукот по дворот се познава. Колку сме во Скопје домаќини по Градски парк се познава. …