SAMSUNG CAMERA PICTURES

Реализиран проект на Здружението за младински иницијативи, ЦИК-ЦАК поддржан од општина Крива Паланка


Денеска во просториите на општинската сала Здужението Центар за младински иницијативи ЦИК-ЦАК од Крива Паланка направи презентација на проектот ,,Чекор поблиску“реализиран со финасиска поддршка од Буџетот на општина Крива Паланка.

Проектните активности на Здружението ЦИК-ЦАК беа сконцентрирани на соработката со и помеѓу  младите и нивното влијание во сите области на јавната политика, како и соработка во креирањето политики и целосна вклученост на младите во оштествените текови.

За потребите на овој проект беше реализирано истражување, со цел младите од општината подлабоко да се вклучат во истрашувањето и таргетирањето на нивните потреби и проблеми со кои се соочуваат, како и подигање на свеста кај што повеќе засегнати страни.

Како финален продукт од проектот произлезе и публикација насловена ,,Анализа за состојбата, сегашните и идни предизвици на младите во Крива Паланка“.

Главната цел која треба да се постигне преку имплементацијата на овој проект, е да се постигне унапредување општествената состојба на младите во Крива Паланка, преку дефинирање на потребите на младите и јакнење на врските помеѓу младите, младинските организации и општината.


Видете следно

Промовиран Европскиот Ромски институт за уметност и култура во Македонија

Во Македонија, вчеравечер, се промовираше Европскиот Ромски институт за уметност и култура (ЕРИАК), транснационална институција …