Речиси осум милиони Бразилци од март се без работа поради пандемијата


Најмалку 7,8 милиони Бразилци во периодот март – мај ги загубиле своите работни места, покажуваат најновите податоци на државната статистичка служба, во која се вели дека стапката на вработеност кај работоспособното население опаднала под 50 проценти.

Бразилскиот Институт за географија и статистика ИГБЕ го објави својот квартален извештај во кој се прикажува рекорден број на луѓе кои ги загубиле работните места, од кои 5,8 милиони биле во неформалниот сектор, пренесува Си-Ен-Ен.

„За првпат во серијата години на истражувања, стапката на вработеност е под 50 проценти”, се вели во наодите на институтот.

На крајот на мај, вработеноста во формалниот и неформалниот сектор изнесува 49,5 проценти.

„Откако собирањето податоци почна во 2012 година, тоа никогаш досега не се случило”, се додава во соопштението на ИГБЕ.

„Тоа значи дека работи помалку од половината од работоспособното население”, додава Институтот.

Во Бразил, работоспособен се станува од 14-годишна возраст.

Бразил, 1 јули 2020 (МИА)


Видете следно

Компанијата „Новавакс” доби 1,6 милијарда долари за создавање вакцина против коронавирус од владината програма „Ворп спид”

Американската биотехнолошка компанија „Новавакс” (Novavax) од Владата на САД доби 1,6 милијарда долари за разработка …