Breaking News

Редовна седница на Советот за социјална сигурност за новата методологија за усогласување на пензиите


Во Владата денеска ќе се одржи вториот состанок на Советот на социјална сигурност, на кој ќе се усвојува и потврдува зголемувањето на пензиите.


На состанокот со кој ќе претседава министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, ќе учествува и ќе се обрати премиерот Димитар Ковачевски.


Владата најавува учество на експерти од ресорните министерства, од Фондот на пензиско и инвалидско осигурување и Фондот за здравствено осигурување на Северна Македонија, од Црвениот крст на Република Северна Македонија, од Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, како и од повеќе приватни пензиски друштва.

По завршувањето на состанокот на Советот на социјална сигурност, предвидена е прес-конференција на која ќе се обратат премиерот Ковачевки, министерката Тренчевска и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова. мч/дма/


фото: МИА архива