Регионална интеграција на Западен Балкан со крајна цел – пристапување кон ЕУ


Лидерите од Западен Балкан, еврокомесарот Оливер Вархеи и претставниците на регионалните организации се собраа во Тирана, за да направат преглед на достигнувањата во рамките на Берлинскиот процес и да ја проценат тековната имплементација на Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан.

Перспективата за пристапување во ЕУ останува движечка сила на активностите и целите на регионалната интеграција, преточена во Акционен план за заеднички регионален пазар. Акциониот план и Економскиот и инвестициски план (ЕИП) за Западен Балкан, претставени од Европската комисија во октомври 2020 година, ќе бидат клучни за регионот.


Присуствувајќи на состанокот, директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, Емир Ѓикиќ во своето обраќање изјави дека „и регионалната интеграција и соработката со ЕУ, како главен трговски партнер на Западен Балкан, се од суштинско значење за нашите економии“. „Ние ветуваме дека ќе ја поддржиме понатамошната регионална интеграција со крајна цел – пристапување кон ЕУ“, додаде тој.

Според Ѓикиќ, само седум месеци по Самитот во Софија, економиите на Западен Балкан исполнија или се близу до исполнување на „прилично амбициозната агенда поставена на Самитот во рамки на Берлинскиот процес“.

Истакнувајќи ги главните достигнувања, Ѓикиќ подвлече дека имплементацијата на преземените обврски на ЕУ кон Западен Балкан ќе потврди дека регионот веќе се гледа како дел од ЕУ и дека инклузивниот пристап на економиите до единствениот пазар на ЕУ „дополнително ќе го поттикне економскиот развој и конкурентноста на деловните субјекти во постпандемискиот период “.


Видете следно

Мал број заразени со коронавирус, учениците да се вратат во училиштата

Здравствените власти во земјава сметаат дека учениците можат да се вратат во училиштата од септември, …