Регионална конференција за „Подобрување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан”


Регионална конференција на тема „Подобрување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан” ќе се одржи денеска во Собранието.

Конференцијата ќе ја отворат претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Здружението на новинари на Македонија, а свое обраќање ќе имаат и претседателот на Собранието на Црна Гора Алекса Бечиќ, потпретседателот на српскиот Парламент, Радован Тврдишиќ и претставникот на Собранието на БиХ, Лазар Продановиќ.


На регионалната конференција ќе зборуваат претставници на здруженијата на новинари од Северна Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, како и од парламентите од овие земји.

Предвидено е Конференцијата да заврши со потпишување Декларација и изјави за медиумите.


Конференцијата е организирана во рамките на регионалниот проект „Подобрување на дијалогот меѓу новинарските здруженија и парламентите во Западен Балкан за посилен граѓански сектор”, финансиран од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), во рамките на проектот „Заштита на граѓанскиот простор – регионален центар за развој на граѓанското општество” имплементиран од Балканска мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН). ев/сп/

Скопје, 26 ноември 2021 (МИА)


Видете следно

Доделени 20 стипендии „Борис Трајковски“ за студии на пан-европска извршна програма од втор циклус на Сити Колеџот во Солун во соработка со универзитетите Јорк и Стразбур

На дваесет граѓани од Северна Македонија денеска им беа доделени стипендиите „Борис Трајковски“ за студирање …