Регионалната невработеност во ЕУ варира помеѓу 2.6 и 36.3 %


Највисоките вредности се во пет шпански региони, а најниските во три германски и два австриски. Ова го покажуваат податоците на европската статистичка служба Еуростат за 2013 година.

Бројките покажуваат дека просечното ниво на невработеност по региони во ЕУ е 10.8 %. Во 49 региони показателот е 5,4% или помалку, и тие се наоѓаат во: Германија (23), Австрија (8), Велика Британија (8), Чешка (3), Романија (3), Белгија (2) Италија (1) и Холандија (1). Од другата страна се 27 региони во рамките на заедницата со невработеност од 21,6 % или повеќе, а тие се во Шпанија (13), Грција (10), Франција (3) и Италија (1).

Просечното ниво по региони на младинската невработеност во ЕУ е 23.4 %, како највисок е тоа во Сеута, Естонија (72.7), а најниско во Обербајерн и Тибинген, Германија (4,4%).

Според европската статистика 47,5 % од невработените во ЕУ се трајно невработени (од 12 месеци или повеќе).


Видете следно

Човек во центарот на Скопје нападна Кинези: Коронавирус, мрш од тука!

На социјалните мрежи се појави видео на кое се слуша како еден човек вербално напаѓа …